Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се одбележува 11 октомври – почетокот на антифашистичкото востание

Се одбележува 11 октомври – почетокот на антифашистичкото востание
Низа активности се планирани денеска во рамките на одбележувањето на државниот празник 11 октомври. Денот е прогласен за неработен за сите граѓани. Во рамките на државната прослава, во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2013 година, за остварувања во областа на науката и образованието, културата и уметноста, новинарството и публицистиката. Таа ќе биде доделена на Срѓан Керим, економист и дипломат, за посебни достигнувања за наука и образование, како и на Решат Амети, ликовен уметник за животно дело во областа на културата и уметноста. Највисоката награда за животно дело во областа на новинарството и публицистиката пак ќе ја добие Драгослав  Аргировски, новинар и публицист. Од партијата ВМРО-Народна, вчера реагираа на најавите за тоа што највисоко признание 11 Октомври тоа во областа на науката и образованието ќе биде врачена на Срѓан Ќерим. „Сметаме дека ова претставува врв на девалвација на наградата, непримерно од нејзиното востанување до денес. Ова признание претставува и деградација на творештвото на сите досегашни живи и починати добитници кој оправдано ја заслужиле оваа награда. Човекот за чие име се врзуваат многубројни афери да се стави во редот на добитниците на највисоката државна награда претставува и понижување на чуствата на македонските граѓани кои негуваат почитување и одреден пиетет према наградените“, пишува во партијата и додаваат дека е парадоксално ваква наградада се дава на човек, за кој како што велат, беше посочен дека својата докторска титула ја заслужил преку плагијат. По повод празникот, државни делегации денес ќе положат цвеќе на спомениците и паметниците на народните херои. Со посета и положување на свежо цвеќе на неколку локации празникот ќе со одбележат и од СДСМ. 11 октомври се слави како почетокот на антифашистичкото востание.На овој ден 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред ја нападнале бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, со што се означил почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласиле и партизаните од Кумановскиот одред. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.
Слично

Поврзани вести