Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекува силен пад на цената на нафтата

Се очекува силен пад на цената на нафтата

Очекувањата за идното движење на цената на нафтата за 2016 година упатуваат на силен пад, за разлика од октомвриската проекција кога беше предвиден мал раст во услови на сѐ уште високо производство и презаситеност на пазарот со нафта, како и при натамошна слаба побарувачка, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

„Сепак, постојат обиди за стабилизација на пазарот, при што неколку земји производители на нафта се договорија околу можното замрзнување на производството на нивото од јануари 2016 година. Во 2017 година се очекува раст на цените на нафтата, како и во октомври, но посилен при што се очекува одредена стабилизација на пазарите, главно од страната на понудата, во услови на очекувања за намалено производство од страна на САД3, се вели во извештајот.

Слично

Поврзани вести