Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекува ли пад на цената на нафтата во 2016 година?

Се очекува ли пад на цената на нафтата во 2016 година?

Во првото тромесечје од 2016 година е забележан поголем пад на цената на нафтата од типот „брент“, за којшто се очекува дека ќе продолжи и во поголемиот дел од годинава, информира Народната банка во најновиот извештај.

„Следствено, на ниво на целата 2016 година, корекцијата на цената на нафтата во споредба со октомвриските оценки е значителна. Така, додека претходно се предвидуваше умерен раст на цената на нафтата оваа година, сега се очекува нејзин двоцифрен пад, во услови на натамошно постоење на големи вишоци на нафта на глобалниот пазар и непрекинато зголемување на понудата од страна на земјите-членки на ОПЕК. Исто така, се очекува дека предвиденото забавување на растот на глобалната побарувачка дополнително ќе придонесе за падот на цените на нафтата“- наведуваат од  НБРМ.

Прогнозите се дека во 2017 година ќе има раст на цената на нафтата, но ценовното ниво ќе биде и натаму пониско во споредба со октомвриската проекција.

Се предвидува дека цената на нафтата ќе изнесува 37,4 евра за барел во 2016 година и 42,6 евра за барел во 2017 година, што е помалку за околу 10 евра од претходната проекција.

Слично

Поврзани вести