Се очекува ли ново невреме?
Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд силни електрични празнења и силен ветер.
Циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме, предупредуваат од УХМР.
Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.
Во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.
Температурата на воздухот во вторник ќе биде за 10- тина степени пониски во споредба со денешната, а од четврток ќе има постепен пораст.
УХМР препорачува во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
