Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се очекува бурна недела на валутниот пазар

Се очекува бурна недела на валутниот пазар

Во текот на викендот имаше политички вести кои можат да предизвикаат бурна недела на валутниот пазар. 

Инвеститорите веќе се подготвуваат за големи поместувања кои би можеле да се случат оваа недела. 

На удар ќе биде  британската фунта, а важни фактори кои на тоа ќе влијаат се незадоволството нд премиерката Тереза Меј од монетарната политика, и најавите од германската канцеларка, Ангела Меркел дека Британија нема да има право на единствениот пазар затоа што се противи на слободното движење и не сака доселување. Ќе се објави стапката на инфлација, вработеност, потрошувачка, по што може фунтата или да паѓа или пак ќе почнат да ја купуваат за да заработат кога таа ќе зајакне. 

По една година стабилност, еврото во последните десет дена паѓа, а последиците се поради стравот од Брегзит. 

Американскиот долар има статус на резервна валута и тој може да расте и кога има поместувања во глобалната економија. Стравот од Брегзит доведе до распродавање на фунтата и еврото, а капиталот е префрлен во долари. Некои аналитичари сметаат дека следните месеци доларот може да зајакне во однос на еврото. 





Слично

Поврзани вести