Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се образувала за психолог, а работи со обувки

Се образувала за психолог, а работи со обувки

Дубравка Вујановиќ Божиќ од Бања Лука се образувала за психолог, а денес работи со обувки. 

Таа моделира чевли за бебиња од природни материјали и вели дека она за што се школувала го работи волонтерски, а заработува од она за што нема ниту ден образование. 

Оваа жена рече дека меѓу овие две професии нема врска, освен дека и двете значат љубов кон бебињата. 

Вели дека случајно почнала да се занимава со оваа работа, така што направила еден чифт чевли, па потоа друг и почнала да работи. 

„Почна како шега, сега е хоби, но ќе видиме како ќе оди понатаму“ - изјави Вујановиќ Божиќ. 

Околу кожна галантерија и помагаат сопругот и колегите. 

Најголем дел од своите производи ги продава во БиХ. За во иднина вели дека е тешко било што да се планира, но се надева на подобри денови. 

Слично

Поврзани вести