Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ОБЛОЖИВ СО МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ДЕКА ИТАЛИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, ДОЛЖНА МИ Е 20 ЕВРА - Сања од српското трио по освојувањето на 15 место

СЕ ОБЛОЖИВ СО МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ДЕКА ИТАЛИЈА ЌЕ ПОБЕДИ, ДОЛЖНА МИ Е 20 ЕВРА - Сања од српското трио по освојувањето на 15 место

Сања Вучиќ, една од девојките од српското трио Hurricane, или ураганките како што ги нарекуваа во Србија, вчера изјави дека знаела дека ќе победи италијанската песна на Евровизија, а за тоа се обложила и со Марија Шерифовиќ, која им даваше поддршка.

Оваа изјва Сања Вучиќ ја даде за Блиц.рс. 

„Знаев дека Италијаните ќе победат, се обложив со Марија Шерифовиќ, должна ми е 20 евра. И тоа е се забележано на нејзиниот блог, можете да одите таму и да видите“, изјави Вучиќ откако се дозна кој е победник на Евровизија.

Таа рече дека не плачела, туку она што се гледале биле две светли точки од шминката. Инаку, рече дека слави, бидејќи победиле нејзините фаворити.

Српските девојки го освоија 15 место. 

„Тоа е фантастично, имајќи предвид дека учествуваат 39 држави, вклучувајќи ги и тие што настапуваа на полуфиналето, па јас сум задоволна од пласманот. Се разбира, секому му е криво ако не заземе некоја висока позиција, во првите три, како и да не бил. Но, ние сме презадоволни со нашиот настап, и знаеме дека Србија е горда на нас“, изјави, меѓу другото, Вучиќ. 

Инаку, како што пишува Блиц.рс, српското трио, Ураканите, во финалето на Евровизија, исто како и во полуфиналната вечер, ги полудеа сите со својата изведба, енергија, харизма и песна, а го освоија 15-то место.

Сања, Ивана и Ксенија го дадоа своето прво интервју за „Блиц“ по објавените резултати, а што имаа да ни кажат се гледа на видеото. 

Инаку, по настапот во финалето на престижниот музички натпревар „Евровизија“, Сања, Ксенија и Ивана, повторно го собориле рекордот на ЈуТјуб.

Нивниот настап беше гледан повеќе пати од кој било друг на „Евровизија“.

Тие водеа на официјалниот канал на Јутјуб „Евросонг“ со дури 170 илјади прегледи, додека второпласираниот во оваа категорија, Русинот, има 110 илјади прегледи.

А словенечкиот водител за нивниот настап рекол „Прошетајте низ силиконската долина“, но добил одговор дека не е професионален, пишува Блиц. 

Инаку, Марија Шерифовиќ дојде во Ротердам да биде поддршка, но и на некој начин да лобира за групата. Како голема победничка на Евровизија во 2007 година, Марија остана запаметена, па нејзиниот глас се слушаше на далеку. 

Извор. Блиц.рс

Слично

Поврзани вести