Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се нуди сезонска работа во Хрватска со плата до 7.000 куни

Се нуди сезонска работа во Хрватска со плата до 7.000 куни

Неретко работодавачите на студентите им нудат храна, сместување и плата до 7.000 куни.

Студентите станаа најпосакувана работна сила, а откако почна сезоната студентскиот сервис во Сплит има проблеми затоа што побарувачката е поголема отколку што има студенти.

Минималецот е 18 куни по час, но некои студенти добиваат и повеќе пари.

Како што пишува Слободна Далмација преку сплитскиот студентски сервис се вработени  8077 редовни студенти.

Околу 7750 работодавачи меѓу студентите барале работници, а се работи за хотели, ресторани и други фирми каде се бара и физичка работа од студентите.

Се пријавуваат и студенти кои не живеат во Сплит, но тука доаѓаат за да работат и за да летуваат воедно.

Слично

Поврзани вести