Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се навршија 13 години од смртта на Зоран Ѓинѓиќ

Се навршија 13 години од смртта на Зоран Ѓинѓиќ
Во Србија денеска се навршуваат 13 години откако беше убиен првиот демократски избран премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Зоран Ѓинѓиќ. Претставници на српската Влада, на чело со премиерот Александар Вучиќ утрово положија венци на спомен-плочата во седиштето на Владата, на местото каде беше убиен Ѓинѓиќ. За организирање на убиството на премиерот Ѓинѓиќ, на 40 години затвор  е осуден поранешниот командант на специјалните полициски единици „црвени баретки“,  Милорад Улемек. Иста казна доби и Звездан Јовановиќ, непосреден извршувач на убиството и поранешен заменик на Улемек. Позадината на убиството на Ѓинѓиќ до ден денес не е позната.
Слично

Поврзани вести