Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се наоѓаат во Европа и „пливаат“ во резерви од злато и девизи

Се наоѓаат во Европа и „пливаат“ во резерви од злато и девизи

Швајцарија e земјата која има најголеми резерви на злато и девизи во Европа. 

Резервите на злато во Швајцарија изнесуваат 679,3 милијарди долари. Зад неа, на второ место е Русија со резерви од злато и девизи во вредност од 418,5 милијарди долари, а на трето место е Германија со резерви вредни 185,3 милијарди долари.

Резерви на злато и девизи во вредност меѓу 100 и 200 милијарди долари имаат Чешка, Франција, Италија, Велика Британија, Полска и Турција.

Македонија е на 33 -то место во Европа, покажуваат податоците од референтниот извор на The World Factbook кој работи во рамки на американската Централна разузнавачка агенција.

Македонија е сместена под Словачка со резерви од злато и девизи кои чинат 2,79 милијарди долари.

Од земјите во регионот, Бугарија е над Македонија со 27,52 милијарди долари, Грција со 6,89 милијарди долари, а Албанија со 3,27 милијарди долари, Хрватска со 15,5 милијарди долари и Србија со 10,7 милијарди долари. Косово е зад Македонија има резерви од 0.68 милијарди долари. БиХ подобро котира од Македонија и има 5.37 милијарди долари по овој основ. 

На последно место се наоѓа Естонија со 389 милиони долари. За оваа земја е Црна Гора.

Слично

Поврзани вести