Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намалуваат цените на недвижности во Грција

Се намалуваат цените на недвижности во Грција
Само една осмина од својот капацитет работи пазарот на недвижности во Грција , откако за време на кризата цените се намалија за повеќе од 30 проценти, пренесе БГНЕС. Ситуацијата на пазарот ја влошува честото менување даноци на недвижности и бирократијата , велат учесниците на форумот „Враќање на инвестицијата“, организиран во вторникот во Атина од списанието Real Estate And Development. Грција сепак предвиде економски раст од 0,6 % во 2014 година и излез од рецесија, што е надеж дека ќе живне и пазарот на недвижности, велат експертите. Излезот од рецесијата и еден од условите на меѓународните кредитори, за спас од должничката криза во Грција.  
Слично

Поврзани вести