Се намалуваат цените на горивата од полноќ
Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар.
Eкстра лесното масло за домаќинствата поевтина за 1,5 денари, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, а дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари. Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари. Има намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов. Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек имаат намалување: бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.
