Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намалуваат цените на бензините – еве за колку!

Се намалуваат цените на бензините – еве за колку!
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во Македонија за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според новите цени, Еуросупер од 95 октани ќе се продава за 78,50 денари за литар, Еуросупер од 98 октани за 80,00 денари, а Еуродизелот ќе се продава за 68 денари. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое сега ќе чини 56,50 ден за литар. Цената на мазутот единствено се зголемува за 0,2 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,9 денари. Новите цени на нафтените деривати ќе важат во следните две недели.
Слично

Поврзани вести