СЕ НАМАЛУВА ПРOМЕТОТ: Македонската берза сѐ попасивна
Македонската берза бележи голем пад на прометот. Вкупното тргување со акциите и обврзниците на берзата во 2015-та година било помало дури за 69,43 отсто од претходната година кога изнесувало 43, 3 милиони евра.
Големиот пад, меѓудругото се должи на малата понуда на хартии од вредност. Па така, минатата година имало промет од 230 илјади евра, за разлика од 2014-та кога вкупното тргување изнесувало 70,4 милиони евра.
И во делот на блок трансакциите минатата година има голем пад на тргувањето, за 65%, а вредноста на тргувањето е 8,9 милиони евра.
Инаку, во декември минатата година, најтргувани биле Акциите на Комерцијална банка. Банката е на прво место со вкупно 254 трансакции, покажува месечниот извештај на македонската берза.
Веднаш по неа доаѓаат и акциите на Алкалоид (125 трансакции) и Гранит (100 трансакции).
Во групата на најтргувани акции за овој период се и акциите на Македонијатурист, Фершпед, Прилепска пиварница, Макпетрол, Македонски телеком, ТТК Банка и Реплек.
Инаку, вкупниот промет на македонската берза во декември бележи раст од 4,14% и изнесува над 371 500 000 денари. Минимален раст од 0,59% бележи и бројот на на трансакции на берзата и вкупно изнесува 1 199.
