СЕ НАМАЛУВА НЕВРАБОТЕНОСТА: Оваа земја има најстабилен пазар на труд
Германските барања за помош при невработеност се намалија драстично во април, додека стапката на невработеност останува втор месец на рекордно дно од 5,8%, што ја цементира позицијата на Германија како економија од еврозоната со најстабилен пазар на труд.
Барањата за помош при невработеност во Германија се намалија во четвртиот месец на годината со 10.000. Претходно имаше пад со 29.000 во март.
Невработеноста од 5,8% постигната во март е најниското ниво од Обединување на Германија кон крајот на 90-тите. Бројот на Германци без работа се намали во април до 2,543 милиони од 2,558 еден месец порано.
„Пазарот на труд продолжува да се развива солидно"- коментира извршниот директор на Федералната агенција за вработување, Детлеф Шееле.
Истовремено аналитичарите прогнозираат рекордна вработеност од 44,26 милиони Германци. И оваа година и наредната се очекува да има повеќе работни места и покрај приливот на мигранти.