Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намалува цената на струјата во Хрватска

Се намалува цената на струјата во Хрватска

Хрватската државна енергетска компанија ќе го намали производствениот дел на цената на електричната енергија за 10,7 проценти од 1 октомври.

Ова значи дека цената на струјата за Хрватите ќе биде пониска за 6 до 7 проценти, а ќе важи за над 2,15 милиони домаќинства во Хрватска, изјави денеска претседателот на Управата на хрватското електростопанство, Томислав Шериќ.

Ваквото соопштението следува откако енергетскиот регулатор ХЕРА вчера ја усвои новата методологија за формирање на цените за испорака на електрична енергија. Поради намалувањето на цената на струјата, годинава во компанијата се очекуваат 78 милиони куни понизок приход.

Слично

Поврзани вести