Се намалува бројот на заболени од грип
Минатата недела во Македонија биле пријавени 1.749 новозаболени од грип, што претставува намалување за 30,1% во споредбата со неделата претходно.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, бројот на нови пациенти кај кои бил регистриран грип е помал и во споредба со истиот период минатата година за 13,8%, но сепак е за околу 2 пати повисок од просечниот број на заболени во овој период во последните 10 години.
Вкупно 26.410 граѓани сезонава прележале грип, а во однос на минатата година бројот на пријавени случаи се зголемил за 29,7%, информираат од Институтот за јавно здравје.
Слично
