СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВНИТЕ И НАДЗОРНИТЕ ОДБОРИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА - Владата ги усвои законските измени
На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница го усвоила Предлог -законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.
„Согласно новото законско решение бројот на членови на управните одбори се намалува од сегашните 15, на 7 членови, односно 5 во помалите општини, а бројот на членови во надзорните одбори на јавните претпријатија се намалува од сегашните 5 на 3 членови“, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.
„Фактор“ веќе пишуваше претходно на оваа тема, а повеќе може да прочитате тука.
Слично
