Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Koи три сектори се најпогодени?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА: Koи три сектори се најпогодени?

Ако споредиме со лани, бројот на работници во индустријата е намален. 

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември 2023 година е намален за 4 отсто,  покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС). 

Во тој период бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен има зголемување од 4,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст на бројот на работници од 1,1 отсто. 

Бројот на работници, во секторот преработувачка индустрија е намален за  4,7 отсто. Најголемо намалување на бројот на работници има во тутунската индустрија од 16,4 отсто, како и во текстилната и кожарската индустрија, каде што бројот на работници во компаниите за производство на облека е намален за 15,2 отсто, во фирмите за производство на текстил за 8,5 отсто, а во кожарската индустрија бројот на вработени е намален за 11,7 отсто. 

foto feepik.com

Слично

Поврзани вести