Се намалија цените на гасот во Европа
По долг период на раст, се намалија цените на гасот во Европа.
Таа на утринското тргување на лондонската берза ИЦЕ се намали под 1.300 долари за илјада кубни метри. Вкупниот пад на цените на берзата од почетокот на денот е 19 отсто.
Првпат во историјата берзанската цена на гасот во Европа на 21 декември надмина 2.000 долари за илјада кубни метри, а тоа се објасни со претстојното студено време во комбинација со невообичаено ниските резерви на гас во Европа за овој период од годината.
Просечната извозна цена што ја наплаќа руски „Газпром“ оваа година е 280 долари за илјада кубни метри. Но, таа важи само за клиенти со поактивни договори.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Германија го препродава рускиот гас на Полска и Украина наместо да го ублажува притисокот врз пазарот и додаде дека Москва не е виновна за цената на гасот во Европа.Русија постојано ги брани своите долгорочни договори, зборувајќи дека гарантира стабилни количества и цени.
