Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се намали цената на нафтата на меѓународните пазари

Се намали цената на нафтата на меѓународните пазари

Нафтата поевтини, а цените паднаа под 106 долари. 

На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. 

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и чинеше 105,67 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари.

Руската нафта наместо во Европа, ќе заврши во Азија. Иранските и руските компании го потпишаа во Техеран најголемиот договор за странски инвестиции досега во иранската економија, кој вообичаено се однесува на проекти за гас и нафта, објави локалната агенција ИРНА.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести