Се намали цената на нафтата
Нафтата поевтинува, a се очекува пад на побарувачката во Кина.
Цената на февруарските фјучерси за американскиот репер ВТИ во е-трговија на Њујоршката берза (NYMEX) изнесуваше 77,29 долари за барел, што е за 0,56 долари под конечната вредност од претходната сесија. До крајот на вчерашниот ден вредноста на овие договори порасна за 0,86 долари (1,1%) на 77,85 долари за барел, што е највисока вредност од 24 ноември.
Мартовските фјучерси за сортата „Брент“ на Лондонската берза ICE Futures во 8:15 часот по македонско време се тргува за 80,19 долари за барел, што е за 0,61 долари под цената на крајот од претходната сесија. Во средата, овие договори се зголемија за 0,8 долари (1%) – на 80,80 долари за барел, што е највисоко од 25 ноември минатата година.
