СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА БАРГАЛА - газдите нема да преземаат мерки за оние што протестираа
Раководството на „Баргала“ АД Штип, Сојузот на синдикатите на Македонија, НВО „Гласен Текстилец” и претставници на работниците доцна попладнево постигнаа договор за исплата на задоцнетите плати и разликата во плати за работниците, јави МИА.
„Договорено е да продолжи редовна исплата на платата на работниците започнувајќи од платата за месец септември до месец март 2021 година, месечно да се исплаќа и разликата на платата која работодавачот не им ја исплатил на работниците за три месеци по 30 отсто, како и разликата на плата од 10 отсто, која била помалку исплатена за месец февруари. Договорено е придонесот за здравствено осигурување да се исплаќа авансно, а со тоа работниците непрекинато да користат здравствени услуги во наредните месеци се додека не се исплати целокупниот заостанат долг кон работниците од страна на работодавачите“, се наведува во соопштението по средбата.
Исто така е договорено да не се преземаат никакви мерки за работниците кои во текот на вчерашниот ден одржаа протест пред влезот на Компанијата, како и во иднина да се почитуваат одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор.
Слично
