Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се најавува ново невреме за четврток и петок

Се најавува ново невреме за четврток и петок

Во четврток попладне и петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.

Во петок преку ден ќе дува засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на дневната температура на воздухот, која на места ќе биде и за 10 степени пониска во однос на претходните денови.

Не се знае дали врнежите ќе ја зафатат целата територија на Македонија или поединечни региони.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време, велат од УХМР. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Во саботата скопско го зафати големо невреме во кое загинаа 22 луѓе.

Слично

Поврзани вести