Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува Законот за банки, Институциите ќе знаат колку пари имате во банка!

Се менува Законот за банки, Институциите ќе знаат колку пари имате во банка!

Измените и дополнувањата на Законот за банки во понеделник ќе се најдат на прво читање во собраниската Комисија за финансирање и буџет, а истите биле  утврдени на седница на Владата одржана на 29 декември лани.

Имено, измените и дополнувањата предвидуваат Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Фондот за здравственото осигурување на Македонија да имаат пристап до банкарските сметки на граѓаните кои се јавуваат како баратели за остварување на одредени права, кои со актуелниот закон за банки претставуваат банкарска тајна, која банката е должна да ја заштити и чува.

Владата, како предлагач на измените, образложува дека пред трите наведени институции се одвиваат постапки во кои физички лица се јавуваат како баратели за остварување на одредени права и оти податоците им се потребни за проверка на она што го навеле во барањето.

„За да ги остварат тие права, барателите треба да исполнат одредени услови кои можат да се потврдат со информациите и податоците со кои располагаат банките во Република Македонија. Поради тоа, потребно е да се изврши измена на Законот за банките“, објаснува предлагачот.

Владините институции за да добијат податоци за клиентите на банката ќе треба да  склучат меморандум за соработка со банката, со кој се регулира начинот на достапност на податоците.

Слично

Поврзани вести