Се менува Законот за азил да се запре бранот на мигранти
Македонската влада денес ги усвои измените и доплнувањата за законот за азил како би се зпрел бранот на мигранти кои доаѓаат над илјадници со надеж да стигнат до некои земји во Европската унија.
„Тие промени ќе овозможат подобор решавање на проблемот на илегалната имиграција со која се соочува Макеоднија“, се наведува во соопштението на владата.
Тие амандмани ќе бидат разгледани во парламентот во почетокот на следната недела, но нивното усвојување ќе биде само формалност бидјеќи владата на премиерот има мнозинство во собранието .
Според тие промени на законот, илегалните мигранти ќе имаат рок од 72 часада поднесат барање за азил или да ја напуштат земјата.
„Странец кој влегува на наша територија ќе може пред полицаец, усмено или писмено да поднесе барање за азил на самиот граничен премин“, истакна портпаролот на владата Александар Георгиев.
Мигрантите ќе може да користат јавен превоз, вклучувајќи возовим автобуси или такси, кои владата досега не ги дозволуваше. Поради тоа многу мигранти пеш или со велосипед го поминуваа патот од 200 километри до границата со Србија, одкаде се обидуваат да влезат во нкоја земја, членка на Европската унија - Бугарија, Романија, Хрватска или Унгарија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна предупреди дека Унгарија би можела целосно да ја затвори границата кон Србија, поради бранот на бегалци кои од 2000 луѓе, во 2012 година сега скокнал на 54 000. Властите во Будимпшта наведуваат дека 95 одсто од имигрантите ја преминуваат границата со Србија.
