Се менува старосната граница за важење на возачките дозволи
Наместо до 70 години возачките дозволи ќе имаат важност до 75 години за повозрасните возачи. Ова станува јасно од последната одлука на владата со која се продолжува возрасната граница.
Покрај овој новитет, измени ќе има и кај возилата кои предизвикуваат бучава.
Имено, владините функционери одлучија да биде воведена и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.
Со новите усогласувања во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се предвидени значителни намалувања на казните .
Со новата одлука на Влада тоа значи дека тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.
