Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се менува ли нешто во оската „Уготур“ – „Макошпед“ – „Фершпед“?

Се менува ли нешто во оската „Уготур“ – „Макошпед“ – „Фершпед“?

Најголемиот акционер во „Уготур“ продаде 20 отсто од своите акции во таа компанија на 14 февруари. Станува збор на Наташа Милева која работи во „Фершпед“ и тоа никогаш не беше демантирано. А зошто е тоа важно? Затоа што Наташа Милева уште поседува 20 отсто од акциите во „Уготур“ кој е втор најголем акционер во „Макошпед“ (поседува 15,11 отсто) , а „Макошпед“ е најголем акционер во „Фершпед“ (поседува 12,9 отсто). Дополнително после оваа трансакција, деновиве некој или некои инвеститори купија 16,6 отсто од акциите во „Макошпед“. Најава ли е ова за промени во оската „Уготур“ – „Макошпед“ – „Фершпед“?

Наташа Милева, најголемиот поединечен акционер продаде 20 отсто своите акции со право на глас во „Уготур“ за 7.000 евра и повеќе не е најголем поединечен акционер во таа угостителска компанија во која таа личност пред две години (февруари 2017 година) влезе во фокус на инвеститорската јавност со тоа што за помалку од 25.000 евра купи 24,98 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“.

„Уготур“ објави на берзата дека најголемиот акционер отуѓил 43.174 акции со право на глас односно 4,98 отсто од главницата и сега поседува 19,94 отсто од акциите. Милева акциите во „Уготур“ ги продала по цена од 10 денари за акција што е 31 отсто од книговодствената вредност на таа акција. Но за Милева нема загуба затоа што таа акциите во „Уготур“ ги купи по цена од 7 денари што значи дека има капитална добивка од 2.000 евра. Прво од „Технометал Вардар“ околу 20 отсто од акциите и другите околу 5 отсто од „Фершпед Брокер“. Во февруари 2017 година „Фактор“ упати прашања до менаџментот на „Фершпед“ дали Наташа Милева, најголем акционер во „Уготур“ е вработена во „Фершпед“? Одговор не добивме никогаш. Еве што нашишавме тогаш:

Феноменот наречен Наташа Милева! Со 24.500 евра купи 24,9 отсто од „Уготур“!!!

Извесна Наташа Милева, заведена во акционерската структура како домашно физичко лице, е купувач на акциите во „Уготур“ што ги продаде „Фершед“. Со таа трансакција Милева стана најголем акционер во „Уготур“ и сега таму поседува 24,92 отсто од акциите со право на глас. Милева по последната трансакција поседува вкупно 215.874 акции во „Уготур“. За сите нејзини акции во „Уготур“ Милева плати помалку од 25.000 евра затоа што сите акции ги плати по цена од 7 денари за акција. Го може ли тоа секој???
Милева првата количина акции ја купи во јануари годинава и тоа од „Технометал Вардар“. Тогаш купи околу 20 отсто од акциите со право на глас. Остатокот го докупи сега и за неполни 40 дена откако стана акционер постана и најголем поединечен акционер.

Еве повеќе на темата: 

Од каде „Уготур“ извади 246.000 евра да плаќа пакети акции во „Макошпед“ и во „Технометал Вардар“?

Има ли врска овој трансфер со трансакцијата во „Макошпед“?

Нов сопственик или сопственици добија 16,6 отстоод акциите во „Макошпед“. Некој или некои нови инвеститори платија 413.000 евра за акции кои ги купија по цена што е 4 пати пониска од книговодствената вредност на таа хартија од вредност. Во септември инвеститори платија над 110.000 евра за 38.000 акции со право на глас, а цената беше 180 денари за акција.  

Повеќе на следниот линк  Кој плати 413.000 евра за акции во „Макошпед“?


Р. Ф.

Слично

Поврзани вести