Се маршираше против сиромаштија во Скопје
Од Собранието до Владата, симболично во 5 до 12 тргна маршот против сиромаштија, организиран од невладината иницијатива „8 Септември“ и Пактот за борба против сиромаштија.
Организаторите велат дека го креваат гласот за достоинствен живот и воведување минимален достоинствен приход, како и за нов закон за социјална заштита. Според податоците што ги презентираа, просечната плата во Грција, Албанија, Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Словенија е повисока од таа во Македонија, во земјава невработеноста е голема, а сметките за струја, вода и телефон на Македонците се поголеми од минималната плата.
„Маршот е поради тоа што бројот на семејства приматели на социјална помош за последните осум години е намален за речиси половина, а многу луѓе денот го преживуваат со помалку од 20 денари на ден. Социјалната помош мора да биде поголема, лековите за сиромашните мора да се бесплатни“, велат иницијаторите.
Меѓу учесниците имаше и стечајци, а беше и лидерката на нивното здружение УНИТ Лилјана Ѓоргиевска.
Слично
