Се манипулира со цени на горивата по грчките бензински пумпи
Истрага на грчките медиуми покажа шпекулации со цените на течните горива во екот на туристичката сезона.
Грците и туристите по островите се најтешко погодени од ова. И покрај падот на цените на суровата нафта со 20% во последниот месец, цените на бензините се зголемија.
На дел од островите безоловениот дури премина 1,70 евра за литар, пренесуваат грчки медиуми.
Министерството за финансии соопшти дека испраќа екипи од инспектори за проверка на бензинските пумпи не само за цените на горивата, но и за квалитетот на најпродаваниот бензин. Има поплаки од клиенти не само за високите цени, но и за отстапувања од квалитетот на скапиот бензин.
Комисијата за заштита на конкуренцијата, исто започнува проверки за картелен договор помеѓу бензинските пумпи. На пример, денес во Крит цената на безоловниот бензин е од 1,45 евра до 1,68 евра. Во Атина и Солун може да се купи за 1,48 евра.
Пратениците од островите инсистираат парламентот веднаш да побара комплетни информации од ресорните министерства за видливо шпекулативни цени на горивата по островите.
