Се легализираше марихуаната во Хрватска
Министерството за здравство дозволи употреба на канабисот за медицински цели во Хрватска.
Новата одредба овозможува употребата на марихуана кај болните од мултиплекс склероза, карцином, детска епилепсија и СИДА, пренесе агенцијата Хина.
Со овој правилник се создава и правна рамка за увоз на лекови во Хрватска, создадени врз основа на канабис. Тие ќе можат да се купат од аптеките само со лекарски рецепт.
Лековите ќе се препишуваат со еднократни рецепти издадени од лекарите на општа пракса по препорака на специјалисти за неврологија, онкологија, инфектологија и невропедиатрија.
Лековите ќе се препишуваат во одредено количество, потребно на пациентот за еден месец.
Експертската комисија за легализација на употребата на марихуана за медицински цели заклучила дека според медицинската практика ниту еден од препаратите лекови на база на канабис не може да се излечи трајно малиген тумор и да престане прогресијата на мултиплекс склероза или СИДА.
Некои од овие лекови сепак ги ублажуваат симптомите на овие болести и нивната употреба се препорачува во комбинација со други форми на третман.
Употребата на канабис не е одобрена за други невролошки заболувања како паркинсоновата болест, епилепсија и психијатриски отстапувања.
