Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се крчкаат повисоки концесии за рудниците

Се крчкаат повисоки концесии за рудниците

Владата бара рудниците да плаќаат за 75% поголеми концесии а извесно е дека се крчка и нов тарифник кој најверојатно ќе се стави во примена од следната година.

Концесионерите не се бунуваат но велат дека предложеното зголемување е превисоко.

Првиот човек на  Македонска асоцијација за рударство Николајчо Николов смета дека е многу првичниот предлог на Владата да изнесува 3,5%.

-Сите концесионери во принцип се залагаме дека треба соодветно да плаќаме за она што го користиме како добро од земјата, но бараме начин како тоа да биде поправично распоредено и сите да плаќаат согласно со тоа што го добиваат-вели Николов, кој посочува дека рудниците треба да плаќаат соодветно на богатството на рудата што ја експлоатираат.

Од друга страна пак министерот Крешник Бектеши смета дека тоа покачување е малку и  дека анализите покажале дека треба да се донесе нов тарифник кој ќе биде согласно европските трендови и сличен на соседните земји.

-Ние мислиме дека тоа треба да се зголеми имајќи предвид дека овие концесионери користат општо добро што е на сите граѓани на Република Македонија. . Начинот како ќе се зголеми ќе го дискутираме со сите засегнати страни, но истовремено и со општините во кои се лоцирани најголемите концесионери. Ако се зголеми концесијата и остане ист бројот на концесионери, буџетот на општините и на државата ќе се зголеми за шест до осум милиони евра. -додава Бектеши.

Слично

Поврзани вести