Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ „КРЧКА“ ЖЕЖОК НОЕМВРИ НА КОСОВО - три фактори би можеле драстично да го забрзаат решението на спорот, ќе стигне ли понуда која не може да се одбие

СЕ „КРЧКА“ ЖЕЖОК НОЕМВРИ НА КОСОВО - три фактори би можеле драстично да го забрзаат решението на спорот, ќе стигне ли понуда која не може да се одбие

Белград и Приштина 11 години се обидуваат да го отплеткуваат косовскиот јазол, а настаните зад нас сигнализираат дека ни претстои „жежок“ ноември и период во кој меѓународната заедница ќе инсистира долго започнатата работа да се доведе до крај, пишува Блиц.рс.

Документот на Германија и Франција, кој очигледно не е само уште еден нон-пејпер во низата, и се позачестеното вклучување на Вашингтон во разговорите се само дел од загатката од која може да се види дека најмоќните земји на ЕУ и Америка го губат трпението и сакаат да стават крај на замрзнатиот конфликт. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека КФОР на Косово наголемо се подготвува за 1 ноември, кога е денот Д за пререгистрација на возилата, јасно е дека ни претстои турбулентен крај на годината кога е во прашање решението на косовскиот проблем

Дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија започна во март 2011 година. Две години подоцна, во 2013 година, беше потпишан Бриселскиот договор, најважниот документ создаден меѓу двете страни, но тој оживеа само - на хартија.

За тоа време се појавија многу решенија: две Германии, разграничување, а последниот документ што беше ставен на маса за едната страна подразбира место во ОН, а другата забрзан влез во ЕУ.

Бараат многу и нудат мачка во торба

Зборувајќи за ова, Слободан Зечевиќ од Институтот за европски студии за Блиц вели дека евидентно е дека ЕУ и САД работат на забрзување на договорот за Косово, бидејќи тоа ќе ја отвори перспективата на Белград за членство во ЕУ.

– Кризата во Украина на сите им ги отвори очите, гледаат дека ситуацијата е нестабилна и дека е подобро Србија да биде во ЕУ, а не надвор од неа. Ако го сака тоа, тогаш треба да следи понуда со која би се задоволила нашата земја, не само Косово. Подобро би било да ја вклучат Србија, иако таа не е совршена, како што не беа ниту Бугарија, Романија, ниту Хрватска - истакнува тој.

Белград е во процесот на пристапување во ЕУ 22 години, потсетува тој.

- И тогаш пристигнува предлог кој бара од Србија да направи големи жртви, а за возврат нуди долгорочна перспектива за членство во 2033 година, а истовремено предвидува дека Косово ќе добие се што не доби од прогласувањето на независноста - забележува Зечевиќ.

Овој документ е првиот фактор што укажува дека Берлин и Париз, кои го држат кормилото на ЕУ, не сакаат да ја гледаат моменталната ситуација.

Повеќе детали Блиц.рс

Слично

Поврзани вести