Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се „крчка“ нов закон, жените со 59 а мажите со 61 година во пензија

Се „крчка“ нов закон, жените со 59 а мажите со 61 година во пензија

Според информациите на весникот „Дневник“ нови законски измени се во фаза на подготовка според кои жените да може  предвреме да се пензионираат на 59, а мажите на 61 година а трошокот за надоместокот што ќе го добиваат три години додека да добијат статус на пензионери да падне на товар на работодавците.

Како што пишува горе споменатиот весник на оваа идеја позитивно реагирале и од бизнис-заедницата и од синдикатот, а само се чека на официјалните предлог-измени во законот кои ќе ги понудат социјалните партнери до Министерството за труд а истата  потекнува од бизнисмените кои извесен период бараат чаре како да го подмладат работниот кадар.

Со ваквите измени кои нема да имаат никакви финансиски импликации врз државата ем ќе се даде можност на работодавците да го подобрат работниот процес ем ќе се згрижат работниците на кои годините и здравствената состојба не им дозволуваат до крај да ги исполнат работните задачи што се бараат од нив. Се чекаат пресметките од ПИОМ Организацијата на работодавци веќе испратила барање до ПИОМ да пресмета триесетина „пробни надоместоци“ за работници на оваа возраст и неделава се очекуваат повратни информации за да се стави на хартија конкретниот предлог до министерството. – Првите предмети ги дадовме до фондот за ПИОМ, кој треба да ја пресмета висината на надоместокот која би требало да ја земаат лицата што би заминале три години порано во пензија. Идејата е за тие три години да земаат надоместок преку Агенцијата за вработување, кој ќе го плаќа работодавецот и да се водат како технолошки вишок. Сега се прават пресметките за да се види која опција е прифатлива за сите социјални партнери. Нашата идеја е лицето да добива надоместок во висина на пензијата која би ја добивал ако се пензионира три години порано, а не одреден процент од просекот на платите во последната година, како што се смета надоместокот за технолошки вишок , вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавци.

Слично

Поврзани вести