Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се крчка извештајот за настаните од 24 декември

Се крчка извештајот за настаните од 24 декември

Наскоро ќе биде готов во драфт-верзија извештајот од Комисијата која ги истражува настаните во Собранието на Република Македонија од 24 декември 2012. Како што денеска изјави претседателот Борче Давитковски,  поради кратките рокови од 60 дена интензивно се работи.

„Комисијата работи, доста материјали разгледуваме, зедовме видеоснимки, се разгледуваат изјави од инволвирани, почнавме и со препораките, странците многу ни помагаат. Ние сме експертска комисија и водиме сметка да ги утврдиме фактите и да набележиме, на пример, како во иднина тоа да не се повторува. Немаме намера, ниту мандат да кажеме кој е крив, кој не е крив. Понатаму ќе го доставиме извештајот и органите и телата ќе си одлучат кој и каде бил инволвиран“, изјави Давитковски.

Комисијата што треба да ги расветли настаните од 24 декември беше составена на 14 јуни. Во неа членуваат пратенциите Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ и професорите Рената Десковска и Љубомир Фрковски од СДСМ. Исто така работата на комисијата ја следат двајцата странски експерти како надворешни членови - Белгиецот Петер Ванхоуте и Швеѓанецот Даниел Таршис.

Слично

Поврзани вести