Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се крадат катализатори од возила поради војната во Украина

Се крадат катализатори од возила поради војната во Украина

Катализаторите во последно време се почесто од порано на мета на крадци. Една од причините е, верувале или не, војната во Украина. Имено, катализаторите содржат благородни метали - платина, паладиум и родиум, кои поради војната поскапуваат, тврдат експертите.

„Пазарот е таков што сега тоа се благородни метали, кои се многу скапи и затоа луѓето ги симнуваат“, објаснува главниот надзорник во авто-центарот во Србија, Среќко Соколов

Катализаторите содржат платина, паладиум и родиум, за кои може да се добијат најмногу пари.

Поради војната во Украина и недостигот на овие материјали на пазарот, тие сега се уште поскапи, тврдат експертите.

Екипата на РТС дозна дека магацините немаат обврска да бараат од препродавачите доказ за потеклото на тој автодел.

Клиентите во автоцентарот потврдија дека е голем трошок за сопствениците на возила да го заменат украдениот дел.

„Немав проблеми, но од соседите и пријателите слушнав дека ги краделе и ги продавале и дека се купуваат за 50-60, па и 100 евра. Трошокот за мене како возач би бил, би платил од 150 до 250 евра, а нов најверојатно 2.000 евра“, посочува муштеријата Ненад Марковиќ.

Само четириесет секунди се доволни за вештите и искусни крадци да го отстранат катализаторот.

„Слушам дека во Италија или Германија многу драстично се краде и одзема“, вели Соколов.

Можете да го отежнете отстранувањето на катализаторот ако го заварите местото каде што е овој дел.

Побезбедни се и оние на чие возило катализаторот е поблиску до моторот. На крадците им е потешко, па можете да се надевате дека ќе се одлучат за друг автомобил.


Слично

Поврзани вести