СЕ КАПЕЛ СО ДРУШТВОТО, ПА ПОТОНАЛ, се трага по млад човек кој исчезна во Сава
Се трага по младиот А.П. (18), кој вчера исчезнал во водите на река Сава во соседна србија, во близина на градската плажа „Стари град“ во Шабац.
Младиот човек кој дошол до реката да се капе со другарите, последен пат бил виден вчера, нешто по 16 часот додека се обидувал да се избори за воздух во водата.
По неуспешниот обид за спасување од страна на неговите другари, во потрагата по исчезнатиот млад човек биле вклучени и нуркачи на жандармеријата, кои го пребаруваат дното на реката од капачкиот дел на кружниот тек низводно.
- Потрагата започна синоќа во 19.15 часот, а нуркачите нуркаа додека имаше сонце. Акцијата траеше до 21.15 часот, а се беше отежнато бидејќи Сава е многу темна. Бидејќи телото не беше пронајдено вчера, потрагата по младото момче продолжува денеска - изјави за „Данас.рс“ портпаролот на Полициската управа во Шабац, Александар Почуча.
Според сведочењето на двајца пријатели кои биле со исчезнатиот А.П. набргу по влегувањето во Сава, младиот човек наеднаш почнал да се гуши и да повикува за помош. Иако пријателите се обиделе да му помогнат, не успеале да го извлечат од реката.
