Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се јави земја која на Европа и нуди нафта и гас

Се јави земја која на Европа и нуди нафта и гас

Канада и нуди помош на Европа за нафта и гас. 

Канадскиот министер за енергетика Џонатан Вилкинсон вели дека Канада би можела да пласира повеќе нафта, гас и ураниум. Канадскиот извоз е ограничен од капацитетот на цевководите, кои сега се целосно искористени. Сепак, Вилкинсон рече дека е можно решение со дистрибуирање на енергенсите преку САД.

„Очекуваме до крајот на годината да го зголемиме извозот на нафта за 200.000 барели и за 100.000 барели гас“, најави Вилкинсон.

Најголемата канадска компанија за управување со гасоводи, Енбриџ (Enbrige) соопшти дека ќе направи се за да се зајакне енергетската безбедност и на Северна Америка и на Европа.

Канадските производители на ураниум имаат вишок производствен капацитет. 

Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, ЕУ воведе санкции за оваа земја, при што сега бараат алтернатива за рускиот гас. Словенија е земја која објави дека ќе набави гас од Алжир. 

Слично

Поврзани вести