Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се јави земја која ќе купува руска нафта и гас

Се јави земја која ќе купува руска нафта и гас

Пакистан ќе набавува руска нафта и гас по намалени цени. 

Русија прифати да испорачува сирова нафта за Пакистан по намалена цена, сооштија денеска властите во Исламабад. Националните ресурси на гас во Пакистан се намалуваат по десет проценти годишно.  Русија сака воспоставување долгорочни договори за снабдување на Пакистан со течен природен гас. Меѓувладина делегација од Русија ќе го посети Пакистан во јануари. Тогаш треба да бидат потпишани конкретни договори.  Пакистан потребите за енергенси ги задоволува воглавно со увоз на сирова нафта од ОАЕ, Саудиска Арабија и од Кувајт. Недостигот од гас и високите цени на нефтените деривати поттикнаа инфлација и серија протести во државата.

Европа го засилува притисокот врз Русија која на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Стапува на сила најсилната мерка која е договорена и со седумте најразвиени земји. Тоа е ембаргото на нафта и ограничување на цената на руската нафта, чија горна граница е 60 долари за барел.

Русија остро реагираше на оваа одлука. Се заканија дека ова ќе има последици. Украина пак смета дека требало утврдената цена да биде пониска, за да Русија ослабне и да не може да ја финансира војната. 

Слично

Поврзани вести