Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се излеа Брегалница, критично во Источна Македонија

Се излеа Брегалница, критично во Источна Македонија
Реката Брегалница се излеа од своето корито и го поплави патот што води кон селото Теранци, населено со околу 700 луѓе. Зголемен е водостојот на сите реки во источниот дел на земјата, а алармантно  е во селата Чифлик и Облешево. Овие села немаат водоводна мрежа, поради што жителите имаат проблеми со загаденоста на водата за пиење од бунари и пумпи. Како превентива општина Чешиново-Облешево изградила неколку потпорни ѕидови. Од кризниот штаб во оваа општина, велат  дека се обезбедени цистерни со вода, а воедно ќе се дели и пакувана вода на населението. На терен се следи состојбата и се преземени мерки за да се спречат поплави или последиците да се минимизираат. Опасност од поплави ќе има и во наредните денови. Акумулацијата Калиманци се прелева, но засега не претставува ризик за населението.
Слично

Поврзани вести