Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се избраа и положија свечена заклетва новите функционери на ДУИ

Се избраа и положија свечена заклетва новите функционери на ДУИ

Фестим Халили, Арбер Адеми, Валдет Џафери, Пиштар Лутфиу, Дритон Кучи, Башким Ахмети, Шухрете Елези,  Арлинд Зеќири се новите министри од редовите на ДУИ, додека Беким Максути,  Агим Нухиу, Фатон Положани и Гзим Беадини се заменик министри во Владата.

Тие денеска беа изберени и добија зелено светло од премиерот Емил Димитриев и покрај неговото првично пишманење за двајца спорни предлози.

Сепак, функционерите на ДУИ се најмногу 73 гласови „за“, околу 30  „против“, и еден воздржан беа изгласани и покрај недобивањето поддршка од опозицијата.

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, пред пратениците образложи дека станува збор за ресори кои се испразнија по оставките на министрите кои доаѓаат од ДУИ и беа констатирани од страна на Собранието на Република Македонија на вчерашната седница.

Пратеникот од опозицијата Петре Шилегов образложувајќи го ставот на неговата партија, рече дека СДСМ нема да гласа за новото сценарио на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ .

„ДУИ беше нем сведок и соучесник на партизирањето на институциите. Сега излегувате и велите дека сте спремни за реформи а година и пол по проектот Вистината за Македонија, не направивте никаква реформа“, изјави Шилегов.

И партијата на Мендух Тачи има сличен став како СДСМ.

Од ДПА велат дека ДУИ се во Влада само за да местат тендери, а сметаат дека иако повеќепати најавувале дека ќе излезат од владата тоа не се случило и со овој потег, само ги отстраниле оние министри кои работеле и краделе само за себе.

Кои се новите функции што ќе ги извршуваат новите функционери од редовите на ДУИ?

Фестим Халили е изберен за заменик­ претседател на Владата задложен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда, Пиштар Лутфиу за министер за образование и наука, Дритон Кучи министер за економија, Башким Ахмети за министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези за министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири за министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

Беким Максути е заменик министер за одбрана, Агим Нухиу заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани заменик министер за транспорт и врски и Гзим Беадини заменик министер за финансии.

Овој избор на нови функционери на ДУИ доаѓа како последица од одлуката да се сметат веќе поранешните, а причината како што соопшти лидерот на таа партија се пласираните незаконско прибавени аудио снимки во јавноста во кои се споменуваа и личности од оваа партија.

Слично

Поврзани вести