Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се избира нов директор на АЕК, пристигнати девет кандидатури

Се избира нов директор на АЕК, пристигнати девет кандидатури

Овие денови ќе се одржи изборот на новиот директор на Агенцијата за електронски комуникации (AKE), позиција од клучно значење за регулирањето и развојот на секторот за електронски комуникации во земјата.

Вкупно девет кандидати се пријавиле на тековниот конкурс. Во вторник, Комисијата за селекција ќе го направи првичниот избор и ќе утврди кои од кандидатите ги исполнуваат законските услови за да продолжат во следната фаза од постапката. Кандидатите кои ќе ја поминат оваа фаза ќе бидат поканети на интервју.

Агенцијата има важна улога во регулирањето на телекомуникацискиот пазар, надгледувањето на операторите и обезбедувањето фер конкуренција, како и во заштитата на интересите на граѓаните и компаниите.

На претходниот конкурс, кој беше откажан, некои медиуми објавија информации за кандидати со фалсификувани сертификати за познавање странски јазици. Очекувањата се дека овој пат процесот ќе се спроведе на транспарентен начин и во согласност со законските критериуми, со цел да се избере професионален и кредибилен лидер на чело на една од најважните регулаторни институции во земјата.


Слично

Поврзани вести