Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ИСТРАЖУВА: Држава од регионот има нафта?

СЕ ИСТРАЖУВА: Држава од регионот има нафта?

Дали во црногорското подморје навистина се крие нафта, треба да се знае до средината на 2020-та година. Ова е според најавите на Владан Дубљевиќ, директор на управата за јаглеводороди на Црна Гора, кој летово на состанокот на Економската комора прецизирал дека една бушотина на Ени-Новатек ќе бара нафта на длабочина од 6,5 километри, а друга гас на длабочина од 1,5 километри, пренесува "Sputnik".

Тој изразил очекување и дека Црна Гора би требало да има производство на нафта и гас, бидејќи меѓународната агенција "Мекензи Бат" ја вброила Црна Гора меѓу 20-те најперспективни веројатни нови наоѓалишта на јаглеводород.

Владата на Црна Гора одлучила да ја отстапи концесијата за истражување и производство на јаглеводород на италијанско-рускиот конзорциум "Ени-Новатек", како и на грчката компанија "Енергеан". 

Додека е веќе одлучено дека првата истражна бушотина на конзорциумот Ени-Новатек ќе биде избушена надвор од црногорските територијални води, на 22 километри од брегот, грчката компанија Енергеан во февруари оваа година исто така извршила 3D геофизичко истражување, чии податоци, како што се очекува, ќе бидат собрани до крајот на 2019-та година.

Слично

Поврзани вести