Tутунарите тријат раце, почна исплатата на субвенции
Почна исплатата на субвенциите за тутунот од ланската реколта.
Исплата на субвенциите од едно евро за килограм е за откупениот тутун до 15 јануари. Тутунарите се задоволни од средствата, во просек четири евра за килограм заедно со субвенциите. Парите се добредојдени за покривање на трошоците за новото тутунопроизводство.
Како што информира претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Данчо Милески, минатогодишната реколта од преку 20.000 тони е скоро откупена иако рокот е до 15 март.
„Заостанатите количества тутун ќе се преземаат на вагите кои откупувачите ги оставија отворени за што се до 15 март законски обврзани. Според реколтата од над 20.000 тони, треба да се исплатат субвенции од преку 20 милиони евра. Тутунарите годинава добро поминаа со откупот, во просек добија по четири евра за килограм заедно со субвенциите. Она што го добија со откупната цена им останува како заработувачка“-кажа Милески.
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, се издаваат бели картони како лиценци за производството.
Слично
