Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се испитува рударската несреќа во Добрево

Се испитува рударската несреќа во Добрево
Инспекција ќе ја провери причината за несреќата во пробиштипскиот рудник за олово и цинк „Добрево“, во која двајца рудари беа повредени синоќа, најави министерот за економија Ваљон Сарачини. „Доколку причината за повредата на рударите во овој рудник се недостатоци на имплементација на законот за безбедност и заштита на работниците ќе побараме одземање на лиценцата“, се закани Сарачини. Двајцата рудари, 51-годишниот Ј.И. од Пробиштип и 40-годишниот В.П. од Злетово, иако не се во животна опасност, со сериозни повреди и искршеници на рацете и ’рбетот, биле префрлени на скопските клиники. Несреќата се случила кога врз нивните глави се одронала руда.
Слично

Поврзани вести