Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се интензивира комуникацијата меѓу Владата и институциите за реализирање на реформите

Се интензивира комуникацијата меѓу Владата и институциите за реализирање на реформите

Владата  од денеска стартува со поинтензивна комуникација со сите институции за да ги реализира реформите,  најави премиерот Емил Димитриев.

Безбедноста, јавната администрација, судството, медиумите, меѓуетничките односи се реформи што треба да се реализираат за членство на земјава во евроатланските интеграции.

„Еден дел од  мерките можат сами институциите со интерни акти и прописи да ги донесат,  еден дел ќе бидат разгледани на владино ниво, дел ќе одат и во Собрание каде ќе бидат преточени во законски решенија кои ќе се носат со или без двотретинско мнозинство, а еден дел е оставен за дополнителен дијалог помеѓу политичките партии“- вели Димитриев.

Тој очекува вклучување и на опозицијата со предлози и се надева дека со реформите институциите подобро ќе функционираат.

Димитриев вели дека сево ова се прави за доброто на државата и граѓаните.

Слично

Поврзани вести