Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ГУШИМЕ: Мерните станици и денес на ниво опасно по здравјето за граѓаните

СЕ ГУШИМЕ: Мерните станици и денес на ниво опасно по здравјето за граѓаните
И утрово енормна загаденост на воздухот кој го дишаме. Мерните станици и денеска покажуваат загаденост на воздухот во Македонија, опасна по здравјето на луѓето. Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Тетово изнесува речиси 10 пати над дозволеното. Утрово, во Битола и Скопје опасните ПМ10 честички во воздухот се застапени речиси 4 пати над дозволеното. „Додека Груевски троши 630 милиони евра за споменици, троши милион евра за LED телевизори граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух, крајно опасен по нивното здравје поради високиот процент на канцерогени честички“, обвинуваат од опозициската СДСМ. Извештајот „Зелен раст“ на Светска банка покажува дека Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Тоа е најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, од рак и болести на дишните патишта. Од партијата на Заев тврдат дека премиерот им одзема 10 години живот на граѓаните а ништо не превзема за да се реши проблемот со загадувањето.  
Слично

Поврзани вести