Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се гради првата бугарска црква во Африка

Се гради првата бугарска црква во Африка

Почнува изградбата на првиот бугарски христијански храм во Африка, соопшти „Дарик".

Тој ќе се вика „Св. Иван Рилски" и ќе биде подигнат во Јужноафриканската република, помеѓу градовите Јоханесбург и Преторија.

Православната црква ќе чини околу 200.000 евра. 45 000 од нив обезбедува бугарската држава, а собрани се и донации.

„Уште од нашата најрана имиграција, во 90-тите години, имаше желба да се создаде место каде што Бугарите  и за добро и за лошо ќе се собираат. Ние за негувањето на нашите христијански празници, сакаме да се собираме во нив и секогаш мораше да бараме место каде да одиме да запалиме свеќи, да се помолиме"- рече Павлина Совашова, претседател на Здружението на Бугарите во Јужна Африка.

Темелот на храмот е ставен на крајот на месец мај.

Слично

Поврзани вести