Економија, финансии, бизнис

Контакт

Се готви нов пакет за помош на Грција

Се готви нов пакет за помош на Грција

За трет пакет помош на Грција преговара германскиот министер за финасии Волфганг Шојбле пред изборите за членови на Европскиот парламент, закажани за во мај годинава, тврди германскиот неделник „Шпигел“.

Весникот повикувајќи се на документ од пет страници на Министерството, наведува дека овој пакет помош за Грција би се состоел од ново отпишување на грчкиот државен долг или од „ограничена дополнителна програма“, со што би било овозможено Атина да добие свежи пари од Европскиот фонд за спас.

Новиот пакет-помош би „тежел“ меѓу 10 и 20 милијарди евра и би бил условен со стриктен план за спроведување на предвидените реформи од страна на Грција.

Меѓутоа, германското Министерство за финансии ги негира ваквите тврдења на „Шпигел“. - Нема нови моменти, изјави кусо портпаролот на Министерството.

Грција од 2010 година, па досега, во форма на помош доби кредити под поволни услови од меѓународните кредитори во вкупна вредност од 240 милијарди евра, во замена за строги мерки на штедење за намалување на трошоците и за реформи на државниот сектор. Следната рата од долгот на Грција доспева во мај.

Слично

Поврзани вести