Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕ ГИНЕ НА ПРУГИТЕ: Железничките несреќи во Европа и Македонија!

СЕ ГИНЕ НА ПРУГИТЕ: Железничките несреќи во Европа и Македонија!
Во 2013 година на железничките пруги во земјите од Европската Унија  имало 2.219 жртви или сериозно повредени луѓе. Оваа бројка е за 1,9% помала од  бројката во 2012 година, објави европската статистичка канцеларија Еуростат. Според податоците на Еуростат, во ЕУ-28 минатата година биле регистрирани вкупно 2.137 значајни несреќи со воз, што претставува намалување од  1,9% во споредба со 2012 година. Единствена земја во која немало несреќи на пругите е Лихтенштајн. Во Полска минатата година имало 338 жртви или сериозно повредени патници во 342 несреќи. Потоа, во Германија имало 290 жртви или сериозно повредени луѓе во 375 несреќи на железничките пруги. Во Шпанија во 50 железнички несреќи имало 273 жртви или сериозно повредени луѓе. А лани во Романија се случиле 180 несреќи на пругите и при тоа имало 229 жртви или сериозно повредени луѓе. Од земјите во регионот во Македонија лани имало 45 жртви или сериозно повредени патници во 59 железнички несреќи. Потоа во Бугарија имало 33 железнички несреќи и исто толку жртви или сериозно повредени.Во Грција имало 15 жртви или сериозно повредени во 14 несреќи што се случиле на пругите. Во Хрватска имало 33 железнички несреќи и 44 жртви или повредени патници. Во Словенија во 13 железнички несреќи имало 15 жртви или сериозно повредени. Во Црна Гора во 49 железнички несреќи имало 8 жртви или сериозно повредени луѓе, а во Турција на пругите имало 97 жртви или сериозно повредени луѓе во 89 железнички несреќи. Односно податоците покажуваат дека во апсолутни бројки,  во четири земји се случиле повеќе од половина од сите железнички жртви регистрирани во ЕУ-28 во 2013 година, односно Полска, Германија, Шпанија и Романија. Изминатите две недели во Македонија се случија повеќе несреќи на железничките пруги, каде жртви беа мигранти. Годинава имаше и уште една железничка несреќа кај Сарамзалино во која се случи судар на автобус и воз, при што имаше овредени 30-тина патници, а возачот на автобусот доби затворска казна. МВР: 370 мигранти откриени лани   Во делот на илегалната миграција во текот на 2013 година евидентирано е зголемување за 46% на овој вид кривични дела. Според податоците на МВР минатата година идентификувани 370 мигранти за чие што криумчарење кривично се пријавени 110 лица. Според реализираните случаи на криумчарење мигранти Република Македонија воглавно останува транзит земја, односно мигрантите илегално ја поминуваат грчко - македонската граница, а потоа со такси превозници се упатуваат кон северната граница, додека од вкупно 370 идентификувани мигранти (415), од кои 46 % се авганистански, пакистански, и сиријски државјани. Најголемиот број сторители на овие дела се македонски државјани, само осум сторители се странски државјани и тоа по двајца бугарски и романски и по еден пакистански, судански, германски и косовски државјанин, додека во еден случај сторителот е со двојно државјанство. Лани биле откриена две криминални групи и тоа: 20 - члена криминална група (еден државјанин на Судан) организирала канал за криумчарење мигранти, преку Македонија, наплаќајки од 120-200 евра по лице за транспорт од Грција до Кумановскиот регион каде биле засолнувани, а потоа за износ од 300 евра по мигрант во договор со членови на криминални групи од Србија илегално ги префрлувале во Србија, од каде заминувале во Европската Унија. На овој начин успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји. Втората група е составена од шест членови кои во нивните домови сместувале и засолнувале мигранти по потекло од афро-азиските земји, се до нивно илегално префрлување во Србија. При извршени претреси во нивните домови во с.Лојане пронајдени се 34 мигранти по потекло од Авганистан, Сомалија, Алжир, Бангладеш, Мали, Гвинеја, Сиера Леоне и Руанда.  
Слично

Поврзани вести